Чек дис аут
Search


Ги знаете ли одговорите на овие загатки?

  1. Ако го изговориш моето име, ќе престанам да постојам. Што сум јас?
  2. Бела нива, црно семе, мудра глава која сее.
  3. Говори без уста и јазик.
  4. Другите ги довикува, а себеси не се слуша.
  5. Нема заби, нема раце, а сепак каса.
  6. Јас го чувам богатството, а луѓето ме чуваат мене.
  7. Наутро се движи на четири, напладне на две, а навечер на три нозе.
  8. Една глава, а стотина капи.
  9. Кој пее, кога другите плачат?
  10. Коса зелена, а тело црвено.
  11. На моите родители е син (ќерка), а не ми е брат (сестра).
  12. Помала од зрно, побрза од зајак.
  13.  Навечер цвета, а преку ден овенува.
  14. Нозете во кал, главата во злато.
  15. Никогаш не постоел, никогаш нема ни да постои, а сеуште го има.
  16. Од него живееш, а не го ни јадеш, ниту пак го пиеш.
  17. Од неа земаш, а таа е се поголема.
  18. Ниту е во соба, ниту е надвор.
  19. Што е тоа што трча по ѕидот, а не е живо?
  20. Во оган мокро, во вода суво.

 

 

Одговори:

  1. Тишина
  2. Хартија и пенкало
  3. Пенкало
  4. Ѕвонче
  5. Зима
  6. Клуч
  7. Растењето на човекот
  8. Зелка
  9. Свештеник
  10. Морков
  11. Јас
  12. Зеница во око
  13. Свеќа
  14. Свеќа
  15. Денес
  16. Воздух
  17. Дупка
  18. Прозор
  19. Сенка
  20. Восок

 




Коментари

коментари