Гитарата на Принц продадена за 700 000 долари

Гитарата на славниот пејач Принц, кој почина минатата година, продадена е на аукција за неверојатни 700.000 долари, што е највисока цена некогаш платена за гитара на славен музичар. 

Вредноста на неговата сина гитара “Cloud” ја проценија помеѓу 60 000 и 80 000 долари, но таа беше продадена за поголема сума.

Гитарата била еден од неколкуте предмети кои му припаѓале на Принц и која била продадена на аукција. Измеѓу останатите предмети, за 102 000 продадени беа и црно-белите ракавици на Мајкл Џексон.




Коментари

коментари