Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Мадрид

Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид, откако во финалето славеше над Енди Мареј со 2:1 (6:2, 3:6, 6:3). Ѓоковиќ, кој ја презеде титулата во Мадрид токму од Мареј, ја освои 29-та Мастерс титула и повторно е сам на врвот на вечната листа. Исто така, српскиот тенисер се израмни на вечната листа со Пит Сампрас и Бјерн Борг, тројцата имаат по 64 титули.

Финалниот меч не понуди врвен натпревар, некарактеристично донесе меч со многу осцилации на двете страни. Ѓоковиќ, сега води во меѓусебните дуели во Мари 23-9, на земјана подлога резултатот е 4-0, а Србинот добил 12 од последните 13 мечеви.

Мари беше далеку од своето најдобро ниво во првиот сет, со лошата игра му овозможи на Ѓоковиќ лесно да го добие првиот сет (6:2).

Вториот сет започна со израмнета игра, а Ѓоковиќ го загуби сервисот во четвртиот гем. Брејкот Мари не го испушти до крајот, бидејќи во тие моменти проработи неговиот сервис  (3:6).

Третиот сет започна со брејк на Ѓоковиќ и водство од 2:0, но Мари се врати израмни на 2:2. Потоа Србинот повторно направи брејк за 4:2. Вистинска драма се случуваше во деветтиот гем кога Ѓоковиќ сервираше за победа.

Мари имаше 0:40, Ѓоковиќ успеа да израмни, а до крајот на решавачкиот гем, Мари не искористи уште четири брејк топки, а Ѓоковиќ третата меч топка ја претвори во победа и втора титула на Мастерсот во Мадрид.




Коментари

коментари