Ѓоковиќ: Сакам годината да ја завршам во голем стил

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Лондон, каде од 13. до 20. ноември ќе се одржи завршниот Мастерс во сезоната. Српскиот тенисер рекол дека физички и ментално е подготвен за настап на овој турнир и порачал дека сака годината да ја заврши со триумф, кој ќе го врати на првото место на АТП листата.

Ѓоковиќ од освојувањето на Ролан Гарос бележи резултати кои се далеку под неговите стандарди, од крајот на мај досега тој го освои само Мастерсот во Торонто, а загуби во третото коло на Вимблдон, во првото коло на Олимписките игри, во финалето на УС Опен, полуфиналето во Шангај и четвртфиналето во Париз.

„Постојат периоди во кариерата кога постигнувате резултати какви што не посакувате. Мислам дека тогаш добиваш шанса да станеш посилен, да седнеш и да размислиш… Кога не се чувствуваш комотно и самоуверено, тогаш мораш добиваш можност да учиш повеќе за себеси. Неколку пати сум го направил тоа и верувам дека можам да се вратам“, рекол Ѓоковиќ во разговор за лондонски Ивинг Стандард.

Српскиот тенисер нагласил дека ја научил животната лекција и дека знае што му е потребно за да се подобри и да се врати на тенискиот врв.

„Знам што постигнав во последните 10 години и никако не мислам дека ми се ближи крајот. И натаму уживам во тенисот и сакам да се натпреварувам на највисоко ниво. Се додека го држам рекетот има желба да бидам најдобар, чувствувам дека менатално сум подготвен за тоа“, вели Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ, во случај, петти пат последовно (шести во кариерата) да го освои завршниот Мастерс ќе се врати на првото место на АТП, каде сега се наоѓа Енди Мари.

„Максимално сум подготвен и фокусиран на овој турнир. Се чувствувам одлично. Во Лондон ќе учествуваат осуммината најдобри и тоа мие последна шанса годината да ја завршам во голем стил“, рекол Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер на завршниот Мастерс се наоѓа во група со Гаел Монфилс, Доминик Тим и Милош Раониќ, додека во другата група се Енди Мари, Стан Вавринка, Кеи Нишикори и Марин Чилиќ.

Противник на Ѓоковиќ во првиот меч (недела, 15 часот) ќе биде младиот Австриец Тим.

Извор: Макфакс




Коментари

коментари