Гола низ Њујорк за да докаже дека модата е бесмислена (+18)

Француската фотографка Ерика Симон, која веќе 12 години живее во Њујорк, реши да направи интересен експеримент за да открие каков би бил светот без облеката која го одразува социјалниот статус.

Таа на многу јавни места се фотографирала комплетно гола, и вели дека никаде немала непријатности иако шетала гола низ градот.

„Забележав дека луѓето денес многу повеќе внимание обрнуваат на тоа што може да се купи во продавниците за облека, отколку обрнуваат внимание на бездомниците покрај кои секојдневно минуваат. Оттаму дојде прашањето, што би било кога не би носеле облека, а личноста би ја изразувале преку своето тело“ – вели таа.

Фотографката вели дека не се обидува да шокира некого со ова, туку сака да создаде уметност. Таа се надева дека ќе успее и да заработи нешто за да издаде книга со разголените фотографии од шетањето низ Њујорк која би била еден вид критика на опседнатоста со модата и купувањето нова облека.




Коментари

коментари