Категории

Голем љубовен хороскоп за февруари

Вага

Ако сте зафатени:

Ќе имате големи побарувања од брачниот или емотивниот партнер. Ќе инсистирате на вашите лични потреби и ќе му замерите на партнерот што не ви дава доволно внимание. Почувствителни сте од вообичаено, затоа не претерувајте. Можно е да се чувствувате потчинети, но ако гласно го кажете тоа може да доведе до кавги и засилени несогласувања. Во исто време страстите ви се зголемени, па кавгите може да ги решавате исклучиво во кревет.

Ако сте слободни:

Ќе бидете расположени за забава, но ќе барате некој за емотивна врска. Иако ќе ве привлече некоја личност, можно е неговата/нејзината несигурност да ве одбие. Доколку немате други понуди, прифатете барем пријателство, не го игнорирајте познанството. Во овој месец исто така можен е почеток на врска со личност за која само сте сонувале со години.

Скорпија

Ако сте зафатени:

Ќе чувствувате поголема потреба за интимни, заеднички моменти. Игнорирајте ги поканите за забави и испланирајте вечери во домашна атмосфера или во некоја викендичка каде ќе бидете сами и изолирани. Ќе ви одговара да фантазирате заедно. Единствено треба да внимавате да не се дознае нешто што одамна го криете од партнерот, бидејќи вашата среќа тогаш може да претрпи многу кавги.

Ако сте слободни:

Ќе ве привлекуваат забранети личности кои не се слободни. Лесно може да влезете во тајн а врска со личност која ве привлекува со сексапилот и изгледот. Вашиот мотив за влез во ваква врска ќе биде чисто еротски. Кон таа личност нема да имате емоции. Она што нема да ви се допадне е што спротивната страна ќе развие емоции. Можно е и обновување на стари врски, кои со години ви биле далечни. Нема тоа да се одвива како што очекувавте, но барем главата ќе ви биде мирна дека сте се обиделе.

Стрелец

Ако сте зафатени:

Ќе го подобрите односот со саканата личност така што максимално ќе ги искористите потенцијалите и талентите. Неопходно е да бидете во секојдневен контакт и отворено да комуницирате, посебно ако се работи за заедничкиот и семејниот живот. Дозата на забава земете ја преку авантура во природа, не преку излегувања до доцна. Само така нема да навлезете во кавги и расправии.

Ако сте слободни:

Ќе делувате харизматично и привлечно за спротивниот пол. Вниманието ќе ви го привлечат само оние кои во лице ќе ви кажат сè. И додека размислите што да правите и што се случува, веќе сте влегле во нова врска. Иако трагате по авантури и секс без обврски, во еден момент ќе посакате нешто повеќе. Не дозволувајте да бидете уште една рецка на ѕидот.

Јарец

Ако сте зафатени:

Со партнерот ќе можете да се усогласите околу секое прашање, па затоа односот ќе функционира беспрекорно овој месец. Нема да имате многу слободно време, но барем обврските ќе ви донесат материјална сигурност и на двајцата. Ќе ви биде посебна поголема поддршка и не треба да се плашите да ја побарате. Поставете нови заеднички цели кои ќе ви ја зголемат интимноста.

Ако сте слободни:

Ќе ви биде тешко да го направите првиот чекор, а дури и да се решите за тоа тешко дека ќе ви успее. Големи се шансите личноста на која ќе и фрлите око да биде заинтересирана за ваш близок човек. Потенцијалните додворувачи нема да ве интересираат. Потребен ви е партнер кој ќе ви овозможи емотивна стабилност и семејство во скоро време. Имајте трпение и труд ако сакате да ја запознаете таа личност и да ја заинтересирате.

Водолија

Ако сте зафатени:

Вашиот однос со партнерот ќе биде близок и стабилен, со тоа што тој ќе се потпира на вас. Ќе биде приврзан и ќе ви делува како повторно да се вљубува во вас. Искористете ги овие моменти за интимност и зближување, не дозволувајте вниманието да ви го украдат работата и пријателите. Поделете некој комплимент и сетете се дека нема засекогаш да трае оваа фаза. Пријатно изненадете го со подарок или добро осмислено патување.

Ако сте слободни:

Бидете директни и јасно дајте им знак на лицата кои сакате подобро да ги запознаете. Посебно обрнете внимание на вашиот шарм и потенцирајте ги добите манири, ако сакате да го добиете целото внимание. Ќе ви се укаже прилика и да отпатувате некаде сами, каде ќе запознаете личност која ќе ве привлече. За кратко време ќе влезете во нова врска, но таа нема да успее откако ќе се вратите во реалноста. Уживајте додека можете.

Риби

Ако сте зафатени:

На почетокот од месецот ќе бидете расположени за забава, па искористете го овој период за дружење во пар. Така ќе внесете динамичност и ќе ја спречите монотонијата. Во вториот дел од месецот ќе имате поголема желба за интимни моменти во пар. Најдете повеќе време за дома. Иако нема да имате добро чувство за романтика, барем потрудете се соодветно да го надокнадите недостатокот.

Ако сте слободни:

Чувствувате потреба за поткревање на егото и ќе ве привлекуваат личности кои ќе ви делат комплименти. Мотивација ќе ви будат личности кои сите ви велат дека не се добри за вас или не можете да ги имате. Само бидете оригинални и ќе успеете во замислите. Можно е вниманието да ви го привлече и личност која нема да биде слободна. Можна е тајна врска бидејќи личноста ќе ви влезе под кожа.

Извор: Вистина

1 2

Прегледи:
814
Ознаки:
· ·
Објавено на:
25.01.2017