Категории

Google Maps воведува опција која што ќе ви се допадне

Последната верзија на апликацијата Google Maps би можела да ви помогне да избегнете проблем со кој што веројатно досега сте соочиле.

Секој од нас, веројатно некогаш го паркирал автомобилот на паркинг, на пример во некој трговски центар, а по враќањето, не можел да се сети каде е паркиран автомобилот.

Новата верзија на Google Maps, би можела да ви помогне да го избегнете овој „проблем“, а засега опцијата доаѓа само на телефоните кои што работат на оперативниот систем Андроид.

Имено, Google овозможува на новата верзија на Google Maps да го означите местото каде што сте го паркирале автомобилот на мапата, па подоцна апликацијата да ве одведе до таа локација.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
352
Објавено на:
24.03.2017