Грациозноста и дивоста на коњите доловена во прекрасни фотографии

Животните се можеби најтешки за фотографирање, бидејќи нели не можеш да и кажеш на мачката да се насмевне. Но, имаме видено некои навистина добри фотографии од животни, а германската фотографка Wiebke Haas ја усовршила уметноста на фотографирање животни. 

Треба големо трпение и умешност да се долови грациозноста, убавината и дивоста на овие ѕверови. Haas ја комбинира својата љубов кон животните и уметноста преку фотографирање, а тоа го има усовршено до таа мера што нејзините фотографии од животни оставаат без здив.

Фотографирањето е целосен процес, прво го истражува видот на животно што ќе го фотографира, неговите линии и карактеристики, ги бира леќите со кои ќе работи. Важен момент е животното да се чувствува пријатно, само така ќе може да се фотографираат неговите убави страни, притоа таа потенцира дека е важно фотографот да биде спремен да биде флексибилен и да се движи наоколу, за да ги „улови“ сите добри моменти.

Со нејзиниот неверојатен талент и вредна посветеност кон оваа професија, таа создава моќни портрети на животни, од кои може да се види љубовта која таа ја има кон професијата и животните.

Pferdefotografie, Pferdefotograf, Pferd, Quarter Horse, Studio, Fine-Art, Fotografie, horse, photography

Paco Marti, Ismaeli, PRE, Hengst, Pearl, Pferdefotograf; Pferde; Pferdefotografie




Коментари

коментари