Категории

Грешки кои ги прават 99% од дамите

Драги дами во следниот текст ќе можете да ги прочитате искуствата на психологот Anne Itoko, кои ги напишала на основа на своето работење со парови кои имаат проблеми во врската.

Според мислењето на Itoko, жената е таа која е темелот на врската. И од таа причина ни ги претставува седумте најчести грешки според нејзиното искуство како психолог.

1. Држите премногу “лекции“

Главната грешка во врската се премногуте кавги кои ги започнува токму жената. Тука станува збор за тоа кога жената е потиштена наместо да објасни во што лежи проблемот таа почнува да држи лекции.

2. Одите од една крајност во друга

Втора голема грешка е тоа што често ние жените знаеме да се префрламе од состојба на “секогаш достапни“ во “апсолутно недостапни“.

Тука треба да се нагласат две нешта:

Кога жената е секогаш достапна на партнерот за интимност, без разлика како се однесува тој, таа ја губи вредноста во своите очи.
Кога пак се однесува како остар лидер или “мајка“ во семејството таа ја губи сексуалната привлечност на мажот бидејќи во неговата глава “мајка“ и “секс“ се целосно спротивни работи.

Жената е комбинација на девојка и мајка. Овие два елемента ја прават да биде смирена и складна жена која знае што значи флексибилност.

Мајката не може да биде флексибилна бидејќи секогаш се грижи за нешто и секогаш мора да е во право, девојката од друга страна знае како да биде флексибилна.

Кога жената ги разбира своите чувства таа сфаќа што е смиреност и ќе пронајде начин да се доведе во таа состојба.

3. “Го удирате тигарот со папуча“

Жените често имаат тенденција да им кажуваат на мажите дека не ги исполниле нивните очекувања. Па често се служат со фразите “Ти ништо не работиш!“, “Можеш ли нешто да одлучиш?“ и слично.

Заземањето на овој став кај него предизвикува инает и никогаш нема да ве послуша. Постои добра споредба за тоа, а тоа е како да имате тигар кој секој ден ќе го удирате со папуча. Ќе му кажувате дека не е силен и дека не е тигар. Што мислите, како тој тигар ќе се однесува?

Затоа Itoko, ни предлага да се користиме со фразите од типот “Знаеш ли колку сум тажна?“ или “Несреќна сум бидејќи мислев дека разбираш кога ти објаснив колку ми е тоа важно.“

На тој начин, жената еден дел од својата одговорност за ситуацијата префрла врз мажот. Тоа е важно бидејќи жените очекуваат одговорност. Додека пак мажите не ја сакаат одговорноста, но сакаат да направат се за својата сакана да се чувствува пријатно за потоа да не бидат одговорни за нејзиното незадоволство.

4. Не можете да препознаете што е среќа

Според искуството на психологот, таа заклучила дека жените со различен статус, години и искуство прават иста грешка.

Таа смета дека тука голема улога имаат родителите. Тие на своите ќерки треба да им понудат чувство на среќа за подоцна тие да можат да се препознаат сами себе во друштвото. Нив впрочем никој не ги научил да бидат среќни. Па кога девојката ќе започне свој живот таа не знае што всушност значи да се биде среќна.

Знае за делче од тоа чувство во моментот кога за нешто била наградена.

И затоа кога го почнува својот живот среќава маж кој порачува “Јас сум среќа“ и таа започнува живот со него. Кога ќе поминат неколку години таа не ја чувствува среќата која и е потребна.

Затоа главната улога на родителите е да им пренесат на своите деца што е вистинска среќа.

5. Не ги учите децата да ги покажуваат своите чувства

Кога девојките се мали тие немаат проблем да ги покажат своите чувства бидејќи нивното однесување го диктира природата. Но кога ќе пораснат тоа однесување треба повторно да го научат.

Причината поради која не ги покажуваме чувствата е загриженоста и искуството од претходните врски. Кога една жена била изневерена повеќе пати, таа почнува да мисли дека можеби партнерот не го сака тоа што таа има да го понуди и се плаши од одбивање.

Изворот за сето тоа лежи во детството. Важно е родителите да бидат свесни дека треба да ги прифаќаат чувствата на своите деца.

Пример, ако вашата ќерка плаче, вие не смеете да и кажете дека плаче без врска. Сочувствувајте со неа. Објаснете и дека се е во ред и дека секогаш ќе бидете покрај неа, но без да и држите лекции.

6. Не го поттикнувате да зборува

Кога мажот молчи, жената се чувствува непожелна. Проблемот е во тоа што мажите сакаат да планираат сами и не разговараат за плановите со жената.

Ако тој и каже “одам на работа за да можеме за три години да купиме куќа“ таа ќе го подржи.

Во очите на мажот, е дека ако тој живее со неа, доаѓа дома и јаде се што таа ќе му зготви значи дека ја сака.

Но жените тоа не го разбираат. Тие секогаш се прашуваат “Што да заклучам кога едвај ме погледнува, доаѓа доцна и спие во друга соба?“.

Ако го прашате него тој ќе ви одговори “Се е во ред. Па нели сум со неа?“.

7. Не ја препознавате својата убавина

Жените често поминуваат многу време пред одгледало особено кога излегуваат и се средуваат за да изгледаат добро, а кога се дома тоа го занемаруваат.

На дамите им е важно мислењето на другите. Дури понекогаш повеќе го ценат мислењето кога ќе дојде од некој познаник отколку од комплиментите кои им ги дава нивниот партнер.

Прегледи:
325
Објавено на:
25.05.2016