Категории

ГРЕШКИ КОИ ГИ ПРАВАТ СИНГЛ ДЕВОЈКИТЕ

Девојки, внимавајте – време е да престанете да ги правите овие грешки.

1. Отворено му се додворувате на зафатен маж

Кога и да помислите на тоа некому да му го превземете момчето или сопругот, сетете се дека тоа може и вам да ви се случи. Како би се чувствувале тогаш? Знаеме дека „сè се враќа и сè се плаќа“, па можеби сепак треба да побарате некој кој од почеток ќе биде само ваш.

2. Играње игри и глумење недостижна

Можеби на почетокот е во ред малку да тактизирате, но преголемата незаинтересираност може да го одбие од тебе. Не велиме дека треба веднаш да му се фрлите под нозе, но ако ви се допаѓа немојте да го бркате од себе.

3. Откажување во последен момент

Сте се договориле да излезете, а потоа сте му се јавиле дека не можете да стигнете. Со убаво извинување изведете го некаде на кафе утре и објаснете (на пример) дека сте презафатени со работа. Мажите понекогаш мислат дека дамите намерно ги извисуваат и дека си играат со нивните емоции.

4. Зборуваш за поранешното момче на првиот состанок

Постојат толку многу теми за разговор на овој свет! Навистина можете да ја заобиколите приказната за поранешното момче и претходната врска.

5. Правите сè за да го импресионирате

Бидете своја! Немојте да глумите нешто што не сте, затоа што нему ќе му се допадне жената која сте навистина, а не онаа која се преправате дека сте.

Прегледи:
435
Објавено на:
22.06.2016