Група Маестро со нов видео запис за песната „Горчи“

Една од најбараните македонски групи, млади и енергични и секогаш „виновници“ за добра забава – група Маестро. Шест члена, кои покрај негувањето на македонска традиционална музика, на нивниот репертоар имаат и бројни песни од балканскиот регион, но и светски хитови. 

Важат за една од најпопуларните македонски групи за народна музка, а нивната љубов кон традицоналната македонска музика најдобро ја гледаме преку тоа што се дел од оркестарот на “Зајди, зајди” под раководство на маестро Милан Завков, што говори за нивниот квалитет и посветеност кој музиката.

Ново од Маестро е нивниот видео запис, за песната „Горчи“ за чија музика и аранжман е заслужен Милан Завков, текстот е на Огнен Неделковски, а спотот е изработен од Дарио Јанковиќ.

Нешто ново со кое може да се пофали оваа група е нивни веб сајт кој може да го погледнете тука, со модерен и интересен дизајн, каде можете да дознаете повеќе за нив, за местата каде настапуваат, да добиете информации за нивен контакт и секако, да ја слушате нивната музика.

Момците на виолина, кларинет и саксафон, клавијатури, хармоника, ударни инструменти и секако вокал ги прават најдобрите забави, па ниту една прослава не останува со незадоволен гостин, затоа следете ја и нивната фејсбук фан страна и секако, уживајте во нивната музка!

 




Коментари

коментари