Категории

Група тинејџерки создале соларен шатор за да им помогнат на бездомниците

Зголемениот број на бездомници во јужна Калифорнија ги натерало овие тинејџерки да започнат со еден корисен и иновативен проект – преносен. соларен шатор.

Проектот е реализиран од 12 ученици кои иако немале никакво формално инжењерско искуство и знаење, но ги научиле основите за да можат да го испланираат, испечатат и состават овој иновативен механизам за згрижување.

Поривот на овие девојки бил да се помогне на бездомниците, со малиот буџет кој го имале, тие успеале да создадат нешто навистина креативно.

Откако ги разгледале сите начини како да ја реализираат нивната замисла, со помош на кодирање и 3Д печатење, шиење и лемење, успеале да го создадат овој прототип.

Што е овој шатор толку посебен? Покрај фактот што се пакува во торба, опремен е со светло, УСБ порт и микро УСБ порт кој се напојува од соларна енергија. Тие со ова се надеваат дека барем на некој начин ќе им го подобрат животот на бездомниците.

Прегледи:
464
Објавено на:
20.06.2017