Категории

Хипнотизирачката пролетна колекција на H&M

High street брендот H&M ја претстави новата колекција за оваа пролет која е пропратена со бајковита кампања. Лепршавите и прозрачни фустани во макси должина се оние кои ја создаваат целата хипнотизирачка атмосфера во кампањата и сигурно никого нема да остават рамнодушни. Во склад со топлите месеци доминираат пастелните бои, цветните детали, транспарентните материјали и неизбежните романтични карнери кои се одбележје за претстојната топла сезона. За својата кампања брендот го ангажира популарниот модел Тејлор Хил како своја пролетна муза.. Во продолжение погледнете го и видеото..

 

Прегледи:
229
Објавено на:
23.03.2017