Категории

Хит фризура: Краток „боб“ со кркми

Ако оваа пролет сакате да ја освежите вашата фризура и притоа да не е нешто досадно и веќе видено, тогаш ви го претлагаме најголемиот хит помеѓу фризурите во моментот а тоа е краткиот „боб“ со кркми. Оваа фризура остана запаметена низ времето како една од нај женствените и нај дамски фризури која се одликува со префинет и елегантен изглед. Некогаш таа била фризура која ја практикувале само богатите аристократски дами а денес е една од најголемите трендови. Освен што дава нежен и младешки изглед, таа на суптилен и грациозен изглед го открива вратот и грбот што изгледа неверојатно привлечно..
Погледнете ги неколкуте изгледи на познатите дами и инспирирајте се.

Прегледи:
1182
Објавено на:
21.04.2017