Холивуд облечен во црно испрати значајна порака

Движењето Time’s up ги облече холивудските дами во црно, а речиси целата сала беше облечена во црно на доделување на Златните Глобуси како дел од движењето кое има за цел да ги заштити жените и да им пружи помош на сите сексуално малтретирани, злоупотребени или нападнати на работното место.

Крајот на 2017 го обележаа многу скандали, беа откриени многу тајни, а многу жени во шоу бизнисот проговорија за нивните приказни и малтретирањето кое го доживеале.

Јавноста ја даде својата подршка, но дамите од Холивуд решија дека е време да се превземе поголем чекор, па така движењето Time’s Up има намера да обезбеди подобра иднина и соодветен третман на сите жени, насекаде во светот.

Доделувањето на Златните глобуси го обележа значаен, емотивен и инспративен говор кој го даде Опра, таа ја доби наградата Cecil B. DeMille која се доделува за луѓе кои оставиле особено значаен белег во светот на забавата и воедно е првата афро-американка која ја добива оваа награта. Таа облечена во црно, поздравена со овации вели:

„Долго време жените не беа слушнати или не им се веруваше ако се осмелеа да проговорат за моќта на мажите. Нивното време помина.“ раскажуваќи ја својата животна приказна и влевајќи надеж за подобри денови за жените кои се соочуваат со вакви проблеми порачува „Сакам девојките кои го гледаат ова да знаат, дека нов ден е на повидок.“

Дамите облечени во црни тоалети дадоа јасни пораки, дека помина времето коа жените беа препуштени сами на себе и не беа слушнати.

„Сакавме да се исправиме и да направиме нешто за сите луѓе, да речеме дека истече времето на дискриминацијата, малтретирањето и злоупотребата на работното место“ – рече Рис Витерспун.

Ева Лонгорија рече „Ова не е момент, ова е движење.“, а сите ја испратија пораката дека време е да се променат нештата. 

 




Коментари

коментари