Honor го претстави новиот Honor 7X

Компанијата Honor го претстави својот нов паметен телефон Honor 7X. 

Се работи за наследник на минатогодишниот модел Honor 6X, којшто претставуваше поповолна верзија за флегшип моделот Honor 8. Сега новиот 7X претставува поевтина алтернатива за актуелниот флегшип модел Honor 9.

Honor се надева дека моделот 7X ќе го привлече вниманието со својот 5.93-инчен Fullview екран, како и со минималните рабови, како што се на пример моделите Galaxy S8 или iPhone X.

Моделот поседува 4 GB RAM меморија, 64 GB интерна меморија и батерија од 3.340 mAh.

Honor 7X не поседува USB-C порт, не е водоотпорен и не поддржува NFC. Исто така поседува сензор за отпечатоци на прсти, како и куќиште коешто е во потполност изработено од метал.




Коментари

коментари