Категории

Хороскоп за денес: Кошмари за пет хороскопски знаци, за некој пак убава вест

Овен

Денот ќе ви започне со убава вест. Остатокот од денот искористете го за мал шопинг и мала прошетка. Постои голема можност во денешниот ден да запознаете некоја личност која ќе биде дел од вашата иднина.

Бик

Не сте во врска, а сте во потрага по флерт? Денес е вистинскиот ден за тоа! Планетата Венера ќе ви донесе возбудливи мигови со личност од спротивниот пол. Значи, вечерва никако седење дома, облечете го она што најдобро ви прилега и маѓепсајте ги сите.

Близнаци

Денес искористете го денот во она што најмногу го сакате – целодневна средба со пријателите. Во последниве денови немавте некој таков масовен собир, па денес е поволен ден за тоа. Никогаш не се знае колку трачеви може да се пропуштат за неколку дена, нели?

Рак

Меркур и Венера ви испраќаат позитивна енергија. Имате можност да се докажете пред партнерот, но и пред членовите на семејството. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот. Проверете го видот.

Лав

На работа ви претстојат значајни промени, веројатно на поробро, посебно ако се занимавате со приватен бизнис. Доколку ви се допаѓа личноста со кој подолго време се дружите, ќе морате да бидете поупорни во освојувањето. Некој многу сака ве импресионира.

Девица

Не се нервирајте поради работата. Кога станува збор за финансиите, доста сте несигурни и мислите дека не сте доволно платени. Слободно почнете врска со некој кој е во знакот на Овен или Вага, но обновувањето на врската со некој Рак може да биде навистина стресно.

Вага

Сакате да направите нешто со кое ќе им покажете на сите дека не зависите од никој. Не се оптоварувајте со она што го зборуваат завидливите колеги. Распоредот на ѕвездите во овој период ќе ви донесе несогласување со партнерот.

Скорпија

Месечината ви овозможува да бидете успешни. За да се изборите за слобода, подготвени сте да се впуштите во расправии со партнерот или со членовите на неговото семејство, но и со членовите на вашето семејство.

Стрелец

Имате многу работа, а со задоволсто би почнале нешто ново. Можни се вложувања во станвен простор. Многу ве привлекува на работа една авантура со некој во знакот на Вага, па дури и ако не сте слободни. Вашата комуникативност ви е најсилен адут денеска.

Јарец

Марс ви носи проблеми во комуникацијата со семејството. Малку ќе се колебате во врска со некоја нова работа. Почетокот и крајот на денот ви се поволни за љубов и за семејство. Избегнувајте ги работите кои можат да ви предизвикаат алергија.

Водолија

Месечината ќе ви донесе многу нови можности. Доколку не успеавте да ги регулирате односите со деловните партнери, немојте многу да се експонирате. Неверојатно сте вљубени, но и непотребно посесивни и љубоморни.

Риби

Финансиската ситуација би можела да ви се подобри. Доколку сте во долга врска и со партнерот поминувате маклу време заедно, и на двајцата ви е потребна промена. Внимавајте, некој се обидува да ви се наметне.

Прегледи:
802
Ознаки:
· ·
Објавено на:
06.10.2017