Категории

Хороскопски знаци кои имаат најсилна интуиција

На сите ни се случува нешто да почувствуваме, но едноставно многу од нас не му придаваат некакво значење или тоа претчувство го поврзуваме со нешто што ни одговара.

Интуицијата е нешто што ни помага да донесеме правилна одлука, но залудно е секое предупредување, ако самата личност не достигнала ниво на зрелост на духовен план.

Со астролошка анализа, утврдено е дека најсилна интуиција имаат Шкорпиите и Рибите, а во нивно друштво може да се најде и Стрелецот.

Рибите можат да сонуваат некои работи кои подоцна ќе станат вистина или ќе им укажат на некој важен настан. Многу луѓе родени во овој знак се духовно просветлени.

Кај нив тој внатрешен мир е исклучително важен и ако не го најдат има опасност да се оддадат на пороци за да побегнат од реалноста.

Мотото на Рибите е “јас чувствувам“ и во основа се раководат од тоа што го чувствуваат, а всушност тоа е интуицијата.

1 2

Прегледи:
511
Објавено на:
29.03.2016