Храбар татко скокнал заедно со синот од седми кат од зграда што гори

Многу светски медиуми ја пренеле приказната за тоа како Русинот Михаил Абросимов скокнал со својот син во раце од седмиот кат од зградата што гори, за да го спаси својот и животот на неговото дете.

33-годишниот Абросимов е хирург, кој се разбудил од силниот мирис на чад што се ширел од кујната во неговиот дом во Москва.

Русинот ја разбудил сопругата, ја изнел во ходникот, потоа се упатил кон собата на својот син Арсениј, но сфатил дека околу вратата се проширил пожарот и било неможно да се излезе од тој премин, па така таткото и синот останале заробени во детската соба.

„Никако не можев да излезам од станот и да се спасам со синот. Единствениот излез беше прозорецот во неговата соба, но ни тоа не беше одлична опција бидејќи станот се наоѓаше на седмиот кат. Сфатив дека морам да скокнам со синот, бидејќи во спротивно ќе изгоревме живи, а тоа не сакав да си го допуштам“, објаснил Абросимов.

Потоа го земал синот во раце и скокнал со него низ прозорецот.

За среќа паднале на трева, а двајцата се здобиле со скршеници, но останале живи.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=guAGMkWElL0[/tube]




Коментари

коментари