Хурем Султан и Неџла од „Кога лисјата паѓаат“ блеснаа на Канскиот фестивал 2017

Германско-турската актерка Мерием Узерли која стекна вртоглава популарност во серијата за „Сулејман Величенствениот“ толкувајќи ја улогата на моќната султанка Хурем, блесна на Канскиот фестивал на премиерата на филмот „Окја“. Облечена во темно сина тоалета од турскиот дизајнер Rasit Bagzibali, Мерием го украде сето внимание на репортерите на своето второ по ред гостување во својата кариера на
престижниот филмски фестивал.

Фахрие Евчен, убавата вереница на актерот Бурак Озчивит, познат по улогата како Бали Бег воодужеви во креација на француското ателје Georges Hobeika. Актерката која се прослави со улогата на Неџла во трогателна драма „Кога лисјата паѓаат“ сподели неколку моменти со легендарната икона Клаудија Кардинале која го глумеше нејзиниот лик во младоста во филмот „Да се биде италијанка со госпоѓата Ерика.“





Коментари

коментари