Категории

Идеален појадок во чаша: 7 брзи и лесни smoothie рецепти

Наздравете со суперздравите пијалаци од омиленото сезонско овошје, чоколадо, мелени ореви или зеленчук за добро утро, здравје и ден полн со енергија.

Во зимската сезона кога заради одбрана од настинките и грипот треба да се внесуваат повеќе витамини во организмот, едноставните пијалаци од овошје и зеленчук се идеално решение. Покрај тоа што се хранливи, даваат енергија и претставуваат практичен и брз оброк.

Бананата е најнеопходна состојка, бидејќи таа најдобрo ја дава потребната густина. Со додаток од кикирики, јогурт и мед ќе ја добиете потребната енергија за цел ден.

Зачините исто така имаат важна улога бидејќи им даваат подобар вкус на состојките. Најчесто се додава цимет, мускатно оревче, ванила, ѓумбир, сушено чили и сл.

Различните јаткасти плодови како ореви, лешници, бадеми, кикирики му даваат посебен вкус и енергетска вредност на вкусното smoothie.

Одберете некои од вкусните енергетски пијалаци по ваш вкус:

1.Чоколадно smoothie

7-brzi-i-lesni-smoothie-recepti-za-idealen-pojadok-1

Состојки:

  • ½ филџан млеко
  • ½ филџан вода
  • 1 банана
  • 2 лажички масло од кикирики
  • 2 лажички какао или чоколадо во прав

Подготовка:

Исечкајте ја бананата и заедно со сите останати состојки измиксајте ја во блендер. Наместо кравјо може да ставите соино млеко и по желба може да додадете и пола лажичка мед. Сето тоа сипете го во голема чаша и уживајте!


2. Пијалак од ѓумбир

7-brzi-i-lesni-smoothie-recepti-za-idealen-pojadok-2

Состојки:

  • 1 банана
  • 1 портокал
  • 1 филџан јогурт
  • Мал корен ѓумбир
  • ¼ лажичка цимет

Подготовка:

Исечкајте го портокалот. Малиот корен ѓумбир излупете го и ситно изрендајте го. Исечкајте ја бананата и заедно со останатите состојки измиксајте ги во блендер. Според вкусот можете да додадете малку манго или лажичка мед.


3. Егзотично smoothie

7-brzi-i-lesni-smoothie-recepti-za-idealen-pojadok-3

Состојки:

  • ½ филџан изрендана тиква
  • 1 филџан полномасен јогурт
  • ½ филџан вода
  • ¼ авокадо
  • 2 лажички мелено ленено семе
  • 1 лажичка мед
  • ¼ лажичка цимет

Подготовка:

Сварете ја тиквата во литар вода со малку кафеав шеќер по желба. Оставете ја да се излади и испасирајте јаза да добиете каша. Додајте ги останатите состојки и сето тоа измиксајте го во блендер.


4. Витаминска бомба

7-brzi-i-lesni-smoothie-recepti-za-idealen-pojadok-4

Состојки:

  • ¾ филџан вода
  • ½ филџан овошен јогурт
  • 3 мандарини
  • 2 лажици сок од портокал
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажичка мед
  • По желба: мраз, киви и кафеав шеќер

Подготовка

Излупете ги мандарините и исечкајте ги, а потоа сите состојки ставете ги во блендер и добро измиксајте ги. Потоа додадете неколку коцки мраз и повторно измиксајте. Може да додадете и 1-2 киви по желба. На крај може да го засладите со кафеав шеќер.

 
5. Сензација од крушки и боровинки

7-brzi-i-lesni-smoothie-recepti-za-idealen-pojadok-5

Состојки:

  • ½ филџан млеко
  • ¼ филџан замрзнати боровинки
  • 1 зрела крушка
  • 1/8 лажички цимет
  • 1/8 лажички мелено каранфилче

Подготовка:

Крушката исчистете ја и изрендајте ја. Сите состојки ставете ги во блендер и добро измиксајте ги додека не добиете мазна течност. Наместо обично млеко може да ставите бадемово. Додајте и малку лимонов сок по желба.


6. Smoothie
со снегулки

7-brzi-i-lesni-smoothie-recepti-za-idealen-pojadok-6

Состојки:

  • 1 филџан млеко
  • 1 банана
  • ¼ филџан овесни снегулки
  • 2 лажички суво грозје
  • ¼ лажички цимет
  • малку ванилин екстракт

Подготовка:

Овесните снегулки потопете ги во млеко за да омекнат. Сувото грозје оставете ги прво десетина минути во топла вода, а можете да ги замените и со сушени брусници. Сето тоа измиксајте го со останатите состојки.


7. S
moothie од јаболко

7-brzi-i-lesni-smoothie-recepti-za-idealen-pojadok-7

Состојки:

  • 2 дл јогурт со вкус на ванила
  • 1 лажица издробен мраз
  • 1 јаболко
  • 1 лажица јаворов сируп или мед
  • ¼ лажичка цимет
  • По желба: мускатно оревче и сливи

Подготовка:

Исчистете го јаболкото и исечкајте го на коцки, а потоа сите состојки ставете ги во блендер и добро измиксајте. На основниот рецепт може да додадете и сосем малку мускатно оревче или две исчистени сливи.

Прегледи:
2948
Објавено на:
02.02.2016