Идеалните решенија за секој проблем со кожата

Кога сстанува збор за негата на кожата постојат илјадници производи кои се борат со различни проблеми. Сигурно сте се нашле себеси како стоите пред огледалото прашувајќи се кој е идеалниот производ кој ќе ја реши вашата хиперпигментација, огромното мозолче кое стои со денови или темните кругови околу очите.

Секако дека постојат повеќе решенија за тие неправилности но постојат и такви кои се поефикасни од сите останати а ние ви ги споделуваме токму нив – идеалните решенија за секој проблем со кожата.

Проблем бр.1 – Темни кругови околу очите

Идеално решение – Витамин Ц
Витаминот Ц е познат по своите способности да го осветлува и изедначува тенот, а исто така содржи и колаген кој помага при пополнувањето на ситните линии и брчките околу очите.

Проблем бр.2 – Темни флеки

Идеално решение – Хидрохинон
УВ зраците од сонцето предизвикуваат темни флеки кои се појавуваат на кожата. Воглавно секој извор на топлина може да го направи тоа, дури и куќниот шпорет вели познатиот кожен специјалист Zeichner. Хидрохинонот е состојка која ја зголемува продукцијата на пигменти во кожата што предизвикува изедначување на флеките со природниот кожен пигмент. Тој функционира како ‘бланш’. Но не заборавајте да користите крема со висок заштитен фактор за да го избегнете понатамопното појавување на флеки.

Проблем бр.3 – Акни

Идеално решение – Адапален
Малите мозолчиња умеат да бидат ужасни, но тогаш што останува за акните? Тогаш тие се вистински проблем, а идеалниот начин да се изборите со нив е преку употребата на ретиноиди. Тие се најмоќната состојка која се бори против акните. Витаминот А кој го содржат ја смирува инфламацијата и ги третира постоечките акни и оние кои се на пат да се создадат.

Проблем бр.4 – Сува кожа

Идеално решение – Хијалуронска киселина
Сувата кожа е вистинска енигма кога е во прашање нејзиното третирање бидејќи со себе носи и други проблеми како сува текстура, ситни линии, брчки, нездрав изглед без сјај а за сето тоа да се третира сигурно се потребни еден тон производи. Но за среќа постои една состојка која успешно се бори против сите тие неоравилности а тоа е хијалуронската киселина. Поради своите високи хидратантни својства таа и ја дава на кожата потребната влажност што ја прави кожата блескава и ги пополнува ситните линии и брчки.




Коментари

коментари