Иџе Стефановски славеше на легендарната „Хунгароринг“ (видео)

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски стигна до победа на првата трка од шампионатот на Централно европската зона на кружни патеки која се одржа на легендарната патека „Хунгароринг” во Будимпешта.

Стефановски на трката славеше со време од 25 минути и 40 секунди, пред Јака Мариншек од Словенија, кој заостана осум секунди, и Карол Витке од Германија.

Учеството на трката во рамките на ЦЕЗ шампионатот во Унгарија, е само адаптација на сето она што го очекува на натпреварите од Европскиот куп. Стефановски, на денешната трка, стартуваше од втората позиција, но низ доминантно возење на крајот сосема заслужено стигна до големата победа.

 




Коментари

коментари