Иџе со видео порака: Овие пехари се за сите Македонци!

Македонскиот возач Игор Стефановски – Иџе оствари фантастични резултати на патеката Нирбургринг, освојувајќи два подиуми. Првата трка ја заврши на втората позиција, а во втората се искачи и на највисокото место на пиедесталот. Од Германија, тој порачува дека пехарите се за сите Македонци, кои му даваат неизмерна поддршка за неговите настапи оваа сезона.

– Во моите раце се пехарите за прво и за второ место од Нирбургринг. Ова е едноставно викенд кој го посакувавме, совршен, а успеавме благодарение на мојот тим кој направи идеален сетап, тие се тука покрај мене, и победата на оваа трка е нешто непроценливо. Ова е трка од соништата, благодарам од срце за поддршката од сите Македонци, ова се пехари освоени за вас – порача Игор Стефановски Иџе од Германија.




Коментари

коментари