Илустрации кои покажуваат дека љубовта е во малите нешта

Паскал Кампион е француско-американски уметник. Toj живее во Бурбанк, Калифорнија и постојано создава возбудливи и духовни илустрации за секојдневниот живот.

Инспириран од Катрина, неговата сопруга со која е во брак 10 години, неговата ќерка и неговите близнаци, тој создрава илустрации преку кои брилијантно ја доловува важноста на малите нешта.

Дел од неговите илустрации прикажуваат глетка во есенските лисја, уживање во сончевите зраци, уживање во топла просторија, читање на омилената книга за време на дождлива и студена ноќ. Преку нив, Паскал не охрабрува да застанеме, да погледнеме околу нас и да размислиме што е најважно.

Според него, малите моменти се исто толку важни како и големите. Според неговите илустрации, можеме да се увериме дека тоа навистина е така.




Коментари

коментари