Категории

Имало бетер од Мурињо: Тренер доби исклучување, па го водеше тимот од покрив на стадион

Никарагванскиот фудбалски стручњак Серхио Рамирез го привлече вниманието на светската јавност по начинот на кој го водеше својот тим.

Имено, тренерот на бразилскиот тим Гуарани де Палјока која се сретна со Фигуиренсе и одигра нерешено 2-2 беше во центарот на вниманието на јавноста по необичен настан.  

Никој не зборуваше за резултатот, туку за Рамирез кој буквално полуде на мечот. Прво доби црвен картон поради своето однесување и мораше да го напушти теренот.

Сепак, не сакаше да ги остави своите фудбалери на цедило, па се качи на покривот на стадионот и оттаму почна да им дава инструкции. За среќа, стадионот не е многу голем, па и фудбалерите можеа да го слушнат.

https://www.youtube.com/watch?v=HNpUvzSwlPM

Прегледи:
423
Категории:
Видео · Спорт · Фудбал
Објавено на:
14.02.2016