Категории

Имате ли линија на ангелот чувар на дланката? Ја имаат само ретките среќници

Постои мислење дека човекот е неверојатно среќен ако на својата дланка има паралелна линија со линијата на животот. Неволјите и несреќите постојано го заобиколуваат, а среќата не го напушта целиот живот.

Тоа значи дека човекот се наоѓа под посебна заштита од својот ангел чувар и виша сила. Поразлично, се вика линија Марс, а некои ја нарекуваат и втора линија на животот. Луѓето, кои ја поседуваат оваа линија на дланката се неверојатно среќни. Поради тоа, за чудо остануваат живи по страшни катастрофи и несреќи, имаат одлично здравје и не доживуваат материјални потешкотии, иако поминувале низ одредени препреки во животот.

Варијанти на линијата на ангелот чувар на дланката:

  1. Паралелно со линијата на животот по целата должина – ова е одличен знак! Човекот со овој знак ќе биде заштитен од својот ангел чувар цел живот.
  2. Помалиот дел од линијата, која поминува покрај линијата на животот – очекувајте животни проблеми и неволји, кои подоцна ќе ве заобиколат.

На десната рака: Покровителство на ангел чувар, дарувано на личноста за неговите лични заслуги. Ова може да биде поради добрите дела или тешките страдања.

На левата страна: Покровителство на ангел чувар, дарувано на личноста од моментот на неговото раѓање. Овие појави често се пренесуваат од предците.

Прегледи:
422
Објавено на:
15.02.2017