Инспирација: 5 нови фризури кои можете да ги пробате оваа есен

Доколку ви е здосаден вашиот изглед и не знаете каква промена да направите, ние сме тука да ви дадеме мала инспирација преку фотографии на познатите и нивните есенски стилови. Сигурно ќе пронајдете нешто што ќе ви прилега вам, дали краткиот шаг, шишките или класичните долги локни, но поинаку стилизирани.

Краткиот шаг

Шагот е подолг и поопуштен од боб, а е малку пократок од минатогодишниот тренд – лоб. Разиграноста и текстурата се најважни. Оваа есен оваа фризура ја носат Сиена Милер, Габриеле Унион и Рози Хантингтон – Вајтли.

Златната средина

Кога косата ви е израсната од предходниот тренд лоб, а долгата коса едноставно не е за вас, секогаш може да останете во златната средина и да изгледате одлично. Пример за тоа е стилот на Џордан Дун, а овој стил одлично и прилега и на Џесика Частеин со нејзината прекрасна медова боја, како и на моделот Емили Ратајковски и на Клер Деинс.

Долгите прамени

Никогаш не излегуваат од мода, а опциите ви се многу. Оваа есен слоевити, лесно обликувани или сосем природни, благо осветлени прамени, се одличен начин да ја носите долгата коса. Тоа го прават Бјонсе, Селена Гомез и Џиџи Хадид.

Мали шишки

Нежни и слаби шишки можат да го освежат вашиот изглед, без разлика на вашата должина. Оваа есен ваквите шишки ги носат Дакота Џонсон и Пенелопе Круз.

Плетенки

Зендаја, Лупита и Џенифер Лопез оваа есен се одлучија за плетенки.




Коментари

коментари