Категории

Инспиративна приказна за бездомникот кој стана милионер

Калил Рафити, четириесет и шест годишниот сопственик на синџирот на продавници за свежоцедени сокови, вели дека не постои ситуација што е безнадежна. Неговата приказна е инспиративна од секој аспект и служи како совршен пример за тоа како превземениот ризик може да го промени нечиј живот.

 

Во неговата книга Заборавив да умрам, денешниот милионер јавно ја споделува неговата колекција од највпечатливи приказни, во кои спаѓаат приказните за неговата зависност од дрога на само тринаесет години, кога тежел не повеќе од 48 килограми. Живеел во својата сенка и претставувал шут за општеството.

 

Добил предлог од својот пријател да започне бизнис, итоа поврзан со правење на свежоцедени природни сокови. Тоа дефинитивно му помогнало на Калил да се оттргне од деперсијата и почнал да верува во себеси. Се одлучил да започне со цедење сокови првично за пациентите и вработените во центарот за закрепнување „Ривиера“. Успехот се должи на оваа институција, која му ја поврати самодовербата и му даде причина да продолжи со својот живот.

Во рок од пет години, репутацијата на центарот за закрепнување и гласините за квалитетните и природни сокови се раширилe дури до Холивуд. Ова го инспирирало Калил да создаде свој синџир на продавници за сокови именувајќи ги SunLife Organics.

Овие непроценливо здрави сокови причинија да се создадат колони од луѓе кои чекаат во ред да пробаат еден од соковите. Освен сокови, на менито има овошни коктели, кафиња и смрзнат јогурт. Најпознат пијалок е “Wolverine”, смути со банани и урми.

 

Пејачот на  The Red Hot Chili Peppers, Антони Кидс, и глумецот Дејвид Дучовни се негови редовни муштерии и ги обожаваат коктелите „Еликсир на животот“ и „Среќниот“.

 

Калил е неверојатно добар работодавач и почитуван од неговите вработени. Тој вели дека меѓу вработените има многу луѓе кои наликуваат на него пред пет години – луѓе кои се надеваат на рака која ќе помогне.

Прегледи:
361
Објавено на:
03.11.2016