Инстаграм од сега ќе ги подржува три нови јазици

Претходно, корисниците на социјалната мрежа Инстаграм можеа да пишуваат коментари на повеќе од 24 различни јазици, притоа користејќи само букви кои се напишани од лево кон десно.

Сега, Инстаграм воведува три нови јазици. Станува збор за хебрејскиот, арапскиот и персискиот јазик, кои се пишуваат од десно кон лево. Овие јазици најпрво ќе бидат достапни за корисниците кои поседуваат “Android” оперативен систем.

Прилагодувањето за промена на јазикот е лесно. Прво корисникот треба да отиде на својот профил, потоа да кликне на трите точки, кои се наоѓаат во горниот десен агол и да го избере менито “Language” веднаш под изборникот Settings. За жал, автоматскиот превод за новите јазици сè уште не е достапен.

Мајк Кригер изјави дека е горд на напорите кои ги прават со цел Истаграм да стане најкористена платформа во светот. Се надева дека оваа надградба ќе привлече и ќе поврзе нови корисници со слични интереси.




Коментари

коментари