Интересни факти за папокот кои не сте ги знаеле

Папокот е најважна врска потребна за живот, чија важност не се губи со пресекувањето на папочната врвца. Во светот не постојат два идентични папока и некои од нив се многу попријатни за око, во однос на други.

Постојат многу интересни факти за папокот кои не сте ги знаеле.

Речиси сите луѓе имаат папок има и исклучоци, како што е моделот Каролина Куркова. Таа има редок деформитет (umbilical hernia). Во ваквата состојба, цревата на новороденчето ѕиркаат низ цревниот ѕид, со што се бара хируршка интервенција и бебето останува без папок.

Папокот претставува лузна. Таа се формира кога папочната врвца, преку која бебето се храни во внатрешноста на матката, се сече и е врзано по раѓањето.

Секој папок е уникатен, Во папокот има толку различни видови на бактерии што кај секој човек има различен состав. До сега, откриени се околу 2.400 различни видови бактерии кои живеат во папокот.

Кај повеќето бебиња на почетокот папокот е издаден,  но со текот на времетотој се менува како растат и само 10% од луѓето имаат ваков папок кога ќе станат возрасни.

За време на бременоста кај некои жени папок станува издаден Стомакот на бремените жени се шири за да се приспособи на фетусот што расте и папокот може да стане издаден. По раѓањето тој се враќа во својата првобитна форма.

Многу медицински процедури, меѓу кои и зголемувањето на градите, може да се направат преку папокот. На овој начин се избегнуваат лузни.

Пирсот на папокот може изгледа атрактивно, но просечно време на закрепнување по ставањето обетка на папокот е 6 до 12 месеци. Затоа не е препорачливо да ставате пирс на папокот.

Нечистотијата во папокот е чуден микс. Ако внимавате на хигиената на папокот во него се прави чуден микс од влакна од облека, коса и мртви клетки од кожата.

 

 




Коментари

коментари