Категории

Интересни факти за пурите кои досега не ви биле познати

Пурите претставуваат еден од омилените начини на внесување тутун во организмот веќе илјадници години. Сепак постојат многу занимливости во врска со пурите кои не сте ги чуле досега – прочитајте ги овие интересни факти и дознајте нешто повеќе за нивното настанување, потекло и состав.

Во 1492 година, Кристофер Колумбо првпат слетал на островот Колба, денес познат како Куба. Мислејќи дека патува за Индија, се разочарал кога видел дека богатството кое мислел дека ќе го најде не постои и дека се наоѓа на друга територија! За среќа, локалните жители го запознале со горење и вдишување на лисјата кои ги нарекувале “Cohiba”, денес познати како тутун.

Внатрешноста на пурата собира илјада семиња тутун. На тутунот му е потребна сончева светлина околу осум часа дневно.

Висококвалификувана и специјално обучена личност за произведување пури има способност да произведе  најмалку 200 пури на ден!


Во рамките на подготовките за својот прв лет на висока надморска височина, Винстон Черчил наредил создавање на кислородна маска која ќе биде прилагодена на пушењето пури.

При создавањето, листовите од тутун мора да имаат ниво на влажност од околу 80 до 95%. Вкусот и аромата од вашата омилена пура доаѓаат од процесот на ферментација низ кој поминува тутунот.

Во 1961 година, ЦИА добиле задача да ги користат нивните медицински услуги за да постават отров во пурите на Фидел Кастро, но планот не успеал. Кастро изјавил дека добил дипломатски подарок од ЦИА и дека пурите му предизвикале гадење, бидејќи имале вкус на кожа и горгонзола!

Легендарниот писател Марк Твен, на барање на неговата сопруга, ја прекинал својата навика од пушење на 300 пури месечно, поради што претрпел периоди на блокада во своето творење. Потоа продолжил со својата навика за пури и напишал книга за три месеци … за жал неговата сопруга го оставила!

Верни обожаватели и консументи на пури има и кај нас, но доколку сакате да уживате во вкусот на квалитетна пура со задоволство ви предлагаме да го посетите Скај барот на хотел Руссиа. Тука ќе ги најдете сите најквалитетни брендови на пури, а воедно имате можност да уживате во омилениот пијалак во извонредната атмосфера.

Прегледи:
2167
Објавено на:
14.11.2017