Ирина Шајк: Покрај Роналдо се чувствував грозно и несигурно

Откако парот се раздели на почетокот на оваа година, причината за разделбата изгледа прва ја откри Ирина во најновото интервју.

irina-shajk-pokraj-ronaldo-se-cuvstvuvav-grozno-01.jpg

Рускиот модел во интервјуто за шпанскиот магазин Hola изјави:

„Мојот идеален маж е верен, искрен и џентлмен кој знае како да се однесува со жена. Не верувам во мажи кои прават да се чувствуваме несреќно, затоа што тие се деца, не мажи. Еднаш мислев дека го пронајдов вистинскиот маж, но не излезе така.“

„Мислам дека жената се чувствува грдо со погрешен маж покрај себе. Јас се чувствував грдо и несигурно,“ додава прекрасната бринета.

29-годишниот супермодел верува дека врската може да успее само ако и двајцата партнери се за моногамна љубов.

„Ако останеш со некој, треба да биде затоа што се движите во иста насока и двајцата ја барате истата работа. Двајцата би требало да имате ист концепт за тоа што значи врската и да верувате во моногамна врска.“

Изгледа Роналдо бил спротивно од сè што е погоре наведено…




Коментари

коментари