Ирина Шајк во провокативна зелена тоалета во Верона

Руската убавица беше назначена како заштитно лице на брендот за долна облека Intimissimi уште во 2007 година. За 10-годишнината од своето партнерство, Ирина присуствуваше на свеченост организирана од брендот која се одржа во Верона, Италија.

Новопечената мајка која во Април годинава го доби првото дете со актерот Бредли Купер, блесна во провокативна зелена тоалета изработена од милион мали кристали. Целокупниот изглед го заокружи со црни потпетици, и смарагдниот венчален прстен кој Бредли и го подари после породувањето, вреден 300,000 фунти.




Коментари

коментари