СЕГА Е ЛЕСНО: Погледнете ги овие штикли кои на копче менуваат боја и дизајн (Видео)

Бирањето на чевли кои одговараат со облеката знае да биде заморно, но тоа многу брзо би можело да се промени благодарение на паметните телефони.


Компанијата “iShoe Technologies” дизајнирала линија на паметни чевли под името Volvorii Timeless.

Овие магични чевли ја менуваат бојата и изгледот благодарение на флексибилните екрани со кои се обложени.

На местото на прстите и потпетиците, чевлите имаат можност за додавање на разни детали, а во нивната внатрешност е сместен блутут приемник, кој ги поврзува со апликација за паметен телефон.

Паметните чевли се направени од гума и кожа и тоа барем засега со големина од 36 до 40.

Прототиповите засега се достапни само во црна и бела варијанта, а се работи на останатите бои.

Првата цена на ваквите чевли е 249 долари, а ако ги нарачате сега ќе ги добиете во декември.

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=TZyLHz2GlYs[/tube]




Коментари

коментари