Категории

Искористете го овој генијален трик за украсување на вашите прозорци и веќе никогаш нема да купувате завеси(видео)

Завесите некогаш беа задолжителни за прозорците – да ја заштитат вашата приватност, но и како штит од сонце, доколку станот ви е на сончевата страна .

Луѓето со време ги прифатија како составен дел од домашниот декор, се прават од најразлични материјали и оние поквалитетните се и доста скапи.

Сепак со тек на времето и со модерниот начин на уредување, завесите многумина ги прогласуваат за застарени, а има и такви кои едноставно не ги сакаат.

Доколку и вие не сте воодушевени од завесите на прозорците, а не ги сакате ниту обичните стакла, сакате приватност од комшиските погледи, имаме едноставно и ефтино решение за вас.

Станува збор за супер шари залепени за стакло кои ќе ги исполнат сите функции кои ги имаат завесите, и плус уште една – вашиот личен печат и забава за целото семејство.

За украсување на прозорците потребно ви е пченкарно брашно и потенка проѕирна ткаенина или тенка но еластична хартија. Брашното матете го во студена вода, а потоа истата мешавина ставете ја во вода која врие.

Мешајте ја смесата додека не стане густа.

Што понатака погледнете од видеото подолу.

На прозорците ќе имате завеси кои нема да бидат реални, ќе изгледаат мат, забавно и уникатно. Погледнете:

Извор : makedonijadenes.com.mk

Прегледи:
343
Објавено на:
26.01.2017