Категории

Изгледајте убаво во рок од 5 минути

Кога наутро сте во брзање и немате многу време да се посветите целосно на својот изглед, ви споделуваме како во рок од 5 минути да изгледате како да сте поминале неколку часа средувајќи се пред огледало.

Тајната е во употребата на вистинските производи како и мултифункционалноста. Блогерката Алана Дејвисон открива дека во секојдневната рутина за да се постигне прекрасен изглед без многу напор е најважно да користите добар прајмер и пудра за лице.

За да заштедите на време измешајте по малку течност од двете и втријте ги во кожата со нежни движења. Користее бронзер за да додадете малку боја и свежина на лицето а за да заштедите на време користете го и како сенка за очи така што ќе нанесете малку и на капаците. Исто така не заборавајте да нанесете и хајлајтер на испакнатите делови на вашето лице како врвот на јаболкниците, врвот на носот и од страните на челото, нанесете и во ќошевите на очите и под веѓите, за крај нанесете малку маскара и некоја неутрална нијанса на крамин, и веќе сте подготвени за работниот ден.

Прегледи:
242
Објавено на:
10.08.2017