Жени проверете! Знаци дека тој ве изневерува

Ако мислите дека вашиот партнер ве изневерува, постојат неколку начини да проверите. Рејмонд Б. Грин, во својата книга за прељубата наведува некои од знаците преку кои може да се дојде до тој заклучок. Овие 20 знаци ќе ви помогнат да го откриете.

1. Тој внимателно води сметка за вашите потреби, повеќе од вообичаеното. Тоа го прави заради чувство на вина, која ја има затоа што ве изневерува. Оваа појава е најизразена на почетокот на аферата, а внимателноста ќе се намалува како што аферата ќе продолжува.

2. Почнува да ви купува многу подароци. Овие се “подароци од вина”, бидејќи тој се чувствува лошо поради неверството, а подароците ја намлуваат вината во неговите очи
3. Се повеќе бара кавга со вас. Тоа му дава причина да се налути и да ја напушти куќата за да се сретне со неговата љубовница. Друга причина за расправија може да бидат измешаните емоциикои ги има кон вас.

4. Кога се расправате, тој секогаш се споменува раскунување и поставува прашања од типот “Што ќе направиш ако раскинеме?” или “Ако се се разделиме, секогаш ќе те сакам како пријател.” Генерално, тој негативно гледа на вашата врска, поради тоа што има нешто што му е поинтересно кога таа ќе заврши.

5. Вашиот партнер станува многу променлив. Вознемирен е кога ве остава сама, а делува тмурно и депресивно кога со вас. Ако подолго време има афера, ќе даде се од себе за двете врски добро да одат. Но било каков проблем во едната ќе се прелие во другата.

6. Ретко зборувате. Поминуватe време заедно, но во тишина. Тој полека станува ладен и не обрнува внимание на вашите чувства.

7. Вкусот за музика одеднаш му се менува. Ако на пример, порано слушал поп, а сега одеднаш повеќе сака рок. Ова најверојатно значи дека е под нечие влијание.

8. Му недостасува самодоверба. Тоа не значи дека веднаш ќе се оди да си најде љубовница, но на несигурните луѓе им треба некој да ги води. Ако на потребите на несигурните лица не им се одговори правилно, тие чувството на сигурност ќе го побараат на друго место.

9. Често ги критикува работите кои кај вас му сметаат, а порано му биле симпатични.

10. Лесно го навредуваат вашите коментари, па дури и како безопасни.

11. Престанува да обрнува внимание на вас, вашите деца и се што е поврзано со семејството

12. Почнува да ги затвора вратите кои вие обично ги оставате отворени. На пример, паровите кои живеат заедно не секогаш ја затвораат бањата кога влегуваат во неа. Лицето кое има афера обавезно ја затвора вратата од бањата со цел да направи физичка и психолошка дистанца меѓу себе и својот партнер.

13. Престанал да ви дели комплименти. 

14. Престанал да ви кажува дека ве сака. 

15. Се чувствува непријатно кога ќе направите нешто убаво за него, затоа што вие треба да бидете лоша личност, за тој да чувствува помалку вина за мамењето. Кога ќе се направи нешто убаво за него, тој почнува да размислува за она што го прави.

16. Повеќе сака да го троши времето со пријателите, отколку со вас. 

17. Не му е гајле за иднината на вашата врска. 

18. Претпочита книга или телевизија наместо разговор со вас или секс. 

19. Често зборува за проблемите на неговата пријателка, колешка или некоја друга жена.

20. За време на секс делува незаинтересирано, расеано или отсутно.




Коментари

коментари