ИЗВОНРЕДЕН РЕЗУЛТАТ ЗА СТУДИОТО БРЕЈК А ЛЕГ ВО САРАЕВО

 

Танчарите од Студио Брејк а Лег постигнаа  извонреден резултат на меѓународниот танцов натпревар InterDanceFEST во Сараево (21.04.2017-24.04.2017).

Во конкуренција на над 2500 танчери од 12 земји , танчерите ги постигнаа следните резултати.

Еден- Два победа во категоријата хипхоп Формации јуниори , а овој неверојатен резултат го повторија  и во категоријата ХипХоп групи , во конкуренција на 12 екипи. Со овој успех јуниорската репрезентација ја оправдаа титулата Светски Вицешампиони во Хипхоп во 2016та година.

Прво место освоија, во Јуниори соло на Исидора Андреевска од вкупно 112 натпреварувачи , додека Мила Неделкова успеа да избори пласман во големото финале. Прво место и за Мила Србиноска од 35 танчери во детска категорија, а Ума Муминовиќ заврши на високото 5то место. Дуо за Ивана Стојановска и Ана Стевковска го завршија на прво место од вкупно 21 дуо, а второ место од вкупно 20 во конкуренција сениори за Стефани Арџелиева.

Од останатите резултати 1во место формација деца 1 ,2ро место група деца 2 ,1во место за Бенџамин Џафери и 3то за Филип Пашоски во категоријата хипхоп соло машки  и уште многу високопласирани наши танчери во останатите категории.  




Коментари

коментари