Ја напуштиле работата за да го живеат животот од соништата

Никогаш не ни е доста од патување и од предлози за нови светски дестинации. Патувањето ни помага да ја сфатиме смислата на животот, да излеземе од комфорт зоната и да “нурнеме” во убавините на природата.

Така, Рејчел и Џејмс, млад брачен пар, додека работеле постојано се запрашувале која е смислата и целта на нивниот живот. Не сакајќи целиот живот да им помине рабтотејќи, решиле да ја напуштат работата и да заминат на патување околу светот со својот минибус.

Oва патување значело откажување од секојдневниот живот и луксуз кој го уживале. Иако патувале само со брзина од 55 километри на час и се соочувале со големи тешкотии, овој пар знае како да го ужива патувањето и убавините и нештата кое тоа им ги нуди.

Погледнете го видеото и уверете се.




Коментари

коментари