Категории

Јапонија е најуникатната држава во светот

Сместена источно од Азискиот континент на западниот раб на Тихиот Океан, Јапонија е извонредна земја со уникатна култура, што вреди да се посети барем еднаш во животот.

Оваа земја се карактеризира со интересни навики, чудни фестивали, многу самоубиства, посвојување на возрасни лица и многу други работи.

Јапонците со нивните традиции и обичаии значително се разликуваат од остатокот од светот.

Hakada Matsuri или „голиот фестивал“ е настан кој се одржува на неколку локации во Јапонија и илјадници момчиња и мажи се соблекуваат со надеж дека така ќе стекнат среќа за следната година.

За Јапонците карактеристично е дремнувањето на работа, кое се вика „inemuri“. Тоа е е знак за добар и посветен работник, па некои дури и го глумат.

Во Јапонија секоја година има 1.500 земјотреси. Малите потреси се секојдневие затоа што оваа нација е сместена врз четири тектонски плочи.

Јапонија е дом на една од најстарите компании во светот, која непрекинато функционира. Станува збор за градежната компанија Kongō Gumi Co., Ltd, која функционира повеќе од 1.400 години. Веќе 40 генерации од истото семејство ја раководат.

Како дел од нивниот училиште ден децата го чистат училиштето. Оваа традиција се вика „o-soji“ и се практикува за да се научат децата да ја почитуваат својата околина.

Во Јапонија се наоѓа најкраткиот ескалатор на светот и има само пет скалила.

Многу луѓе во Јапонија посвојуваат мажи на возраст од 20 до 30 години за да си осигураат наследник на кој ќе му го предадат бизнисот. Посвојувањето на возрасни лица се користи и како алтернатива за истополови бракови, кои формално не се признаени во Јапонија.

Јапонските возови се помеѓу најточните во светот. Просечното доцнење на најактивната линија Tōkaidō Shinkansen е околу половина минута, а ако има доцнење од 5 минути тогаш компанијата мора да даде официјално соопштение.

Таму се наоѓа островот Ōkunoshima  на кои илјадници туристи доаѓаат секоја година за да ги посетат дивите зајаци, кои се толку пријателски настроени што скокаат по посетителите. Историјата зад ова е мрачна и се вели дека зајаците биле донесени на островот за да се тестира смртоносно оружје врз нив за време на Втората светска војна.

 

Прегледи:
1775
Објавено на:
22.01.2018