Јапонски мобилен телефон кој можете да го миете со сапун!

Најчесто треба да избегнувате вашите мобилни телефони да имаат допир со вода, а не па со сапун, но овој пат тоа не е така.

Имено, јапонскиот производител на мобилни телефони Kyocera го претстави својот паметен телефон кој можете да го измиете со сапун кога ќе имате потреба за тоа.

Името на моделот е Rafre, а тој не само што е отпорен на вода, туку и на обичниот сапун кој го користат луѓето за миење на рацете, како и слични средства за чистење. Овој телефон е наменет за готвачите, па доаѓа и со специјална апликација низ која може да се навигира без допирање на екранот.

Па така, отсега кога ќе сакате да зготвите храна и да го документирате целиот тој процес за на Инстаграм, нема да мора да се грижите доколку го допрете телефонот со мрсни раце или истурите брашно врз него, затоа што секогаш ќе можете да го измиете со сапун за раце.

За да обезбедат што подобра непропустливост, дизајнерите ги отстранија традиционалните звучници, па ги заменија со систем за произведување на звук низ самиот уред, користејќи “smart sonic receiver” технологија.

Што се однесува до останатите спецификации, Kyocera Rafre располага со 5-инчен екран, 2GB RAM меморија, 16GB интерна меморија, задна камера од 13 мегапиксели и батерија со капацитет од 3.000mAh.




Коментари

коментари