Јапонците се надминаа себе си со овој ултра луксузен шики шима воз

Кога зборуваме за Јапонија, покрај останатото не може а да не стане збор за нивните ултра модерни и ултра брзи возови.

Исто така, сосема е очекувано Јапонците да се надминуваат себе си со уште поневеројатни креации, па така овој шики шима воз е како луксузен хотел со 10 вагони, дизајниран од Ken Kiyoyuki Okuyama,познатиот индустриски дизајнер кои стои зад Enzo на Ferrari и P4/5.

Богатството започнува од екстериерот, со елегантna шампањ-златна боја на воз и геометриски прозорци. Тивката луксузна линија проткајува низ целата атмосфера, со мешање на традиционалните јапонски материјали како хартија, лак и дрво со футуристички елементи. .

Заоблени дрвени елементи, прават спој од ентериерот и екстериерните пејсажи, а кадифените теписи му даваат топлина на местото. Гостите ги послужува екипаж облечен во дизајни на Uniqlo креативниот директор на Noki Takizawa, а ручаат со сребрен прибор создаден од  Yamazaki Kinzoku Kogyo.

Овој воз, кој е воден од JR East, содржи 17 соби и меѓу кои 2 апартмани

 




Коментари

коментари