Jапонците создадоа банана која се јаде со кора

 Јапонците создадоа нова верзија на банана која се јаде со кора. Овој вид на овошје за многу луѓе е невообичаено.

Научниците оваа  банана ја нарекле “Mongee”, а нејзината кора слободно може да се консумира. Тие прво засадиле банани во околина каде температурата изнесувала до минус 60 степени Целзиусови. Потоа, бананите се одмрзнуваат, па се пресадуваат на повисока температура, а токму таа промена на температурите наводно го забрзува растењето на плодот. Така на крајот се добива банана со кора која може да се јаде.

Овие банани имаат силен вкус на ананас и се многу слатки. Меѓутоа, тие не се воопшто едтини. Една банана чини 5.75 долари.

 




Коментари

коментари