Јарецот сака црнки, Бикот – облини… Која е идеалната жена за секој хороскопски знак

Овен

Мажот Овен сака храбри, силни, способни жени. Потсвесно е во потрага по жена која ќе се постави како водач во врската и ќе преземе иницијатива.

Тој сака жена со атлетска градба кој најчесто се занимава со спорт. Може да му се допаднат и слаби и ковчести девојки. Чувствителните и срамежливи типови на девојки нема да поминат кај овој тип на маж.

Бик

Бикот паѓа на жена со нагласени облини која ќе го заведе со некое вкусно јадење. Идеалната дама е традиционален тип на жена, полна со женственост и смиреност. Тој сака едноставна, но сензуална жена.

Близнаци

Близнаците бараат жена која сака многу да зборува, изгледа младолико и е интелигентна. Бидејќи многу сака да патува оваа дама уште би требало да биде и голем авантурист. Тие сакаат жена која умее да му се радува на животот.

Рак

Раковите несвесно ја бараат својата мајка. Им се допаѓаат жени кои се емотивни, често плачат, но истовремено се добри и грижливи домаќинки. Сакаат жена која е фина, примерна и топла. Вообичаено му се допаѓаат дами кои се облекуваат едноставно и не се наметнуваат на луѓето околу нив.

Лав

Лавот бара жена со која што ќе може да се пофали. Избраничката треба да е успешна жена, која има добро работно место или потекнува од семејство со углед. Неговата девојка треба да изгледа како да е излезена од модно списание. Таа сакаат горда, самоуверена жена која посветува многу внимание на изгледот.

Девица

Мажот – Девица сака вредни жени кои се педантни, уредни и постојано се грижат за неговото здравје. Тој сонува за природна, здрава и скромна девојка. Изгледот не толку важен, се додека карактерот е приземен и созреан.

Вага

Вагите уживаат во мили и убави жени, најчесто правнички, манекенки, политичарки односно жени од јавниот живот.

Мажот роден во знакот на Вага најмногу реагира на женскиот задник. Сака шармантни дами со манири. Оние жени кои имаат груб пристап сигурно нема да му се допаднат на еден ваков маж.

Скорпија

Скорпијата се загледува во жени со нагласена еротика, односно во жени кои даваат „отворена понуда“ за секс. Особено го возбудуваат сензуални жени кои се помалку мистериозни и поседуваат силна аура.

Стрелец

Стрелецот сака жени кои ја следат модата и кои се образовани. Може да му се допадне девојка која се занимава со спорт, а најмногу со тенис.

Тој реагира на долги нозе, шорцеви и кратки здолништа.

Јарец

Јарецот сака девојка со темен тен, црна коса, сериозен лик, а понекогаш и тажен изглед на лицето. Може да му се допаднат и постари жени.

Тој честопати завршува со жена со силна натпреварувачка аура. Сака девојка со класичен изглед која е ориентирана кон кариера и знае што сака.

Водолија

Водолијата сака дружељубиви жени, со кои прво ќе стане добар пријател, а дури потоа ќе се впушти во љубовна врска. Мажот во овој знак е импресиониран од неконвенционални жени кои понекогаш имаат ексцентричен избор на облека. Тој сака интересни жени кои никогаш здодеат со разговорот.

Риби

Мажот со знак Риби сака таинствени жени, повлечени, срамежливи кои секогаш изгледаат како да им е потребна помош. Тој реагира на убави чорапи, чевли и долна облека. Му се допаѓаат дами кои се нежни и женствени, без доза на агресивност.




Коментари

коментари