Каде беа најгласни навивачите на Супер Куп 2017?

Скопје вчеравечер беше домаќин на големиот фудбалски спектакл, натпреварот помеѓу светските клубови Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Позитивна енергија, навивачки дух и многу расположени лица се движеа низ скопските улици. Многубројните туристи кои пристигнаа за натпреварот, дополнително придонесоа за зголемување на еуфоријата пред почетокот на ова големо финале.

Сепак, навивачите присутни во еден локал се издвојуваа и привлекоа најголемо внимание со својата многубројност и навивачки песни. Локацијата во самиот центар на градот, несекојдневниот ентериер, како и целосната енергија во Кафе Сидро, придонесоа најголем број навивачи да се одлучат токму тука да се припремат за овој спектакл, како вистинско место за загревање и опуштање пред почетокот на натпреварот. Дел од атмосферата ви ја пренесуваме заедно со позитивната енергија пред почетокот на финалето на Супер Купот.

За многу интересни фотографии од настанот, како и од бродот, следете ги Кафе Сидро и на нивната инстаграм страница.

 

 




Коментари

коментари