Каде гледаш кога ме лажеш?

Колку пати досега сте слушнале дека очите се огледало на душата?

Експертите за говор на тело честопати потенцираат дека доколку сакате да влезете во психологијата на човекот кој стои спроти вас треба да ги анализирате движењата на неговиот поглед и начинот на кој што гледа кога зборува на определена тема.

Дали е искрен или пак ви продава убаво спакувани лаги?

За да ја испробате оваа теорија на дело избере неколку пријатели и поставете им прашања на кои знаете дека ќе ве излажат. Потоа следи анализа на нивните очи.

Поглед горе лево – кога личноста гледа горе лево креира визуелни слики во својата глава. Во најголемиот дел од случаите личноста подготвува изговор односно лага.

Поглед горе десно – означува визуелно присетување. Личноста размислува за визуелната слика која ја видела во минатото. Ова движење сугерира дека дошло до присетување на искуства.

Поглед лево – гледањето во лево покажува дека поединецот смислува определен звук во својата глава, што укажува на лага.

q2

Поглед десно – означува аудитивно потсетување на одреден звук. Ова сугерира дека личноста се потсетува на реален звук.

Поглед доле лево – кинестетика односно обид на поединецот да се сети на мирисот, чувството или вкусот. Тука е вклучено е се што не е поврзано со слика и звук.

Поглед доле десно – аудитивен внатрешен дијалог покажува дека поединецот зборува за себе и длабоко размислува.




Коментари

коментари