Категории

Каде во Скопје може да се чувствувате како на облаците?

Во нашиот град постои место каде што ѕвездите најсилно сјаат, погледот на Скопје е магичен, а сето тоа во друштво на вашите најдраги, пријателите или пак деловните партнери создава моменти за паметење. Атмосфера која воодушевува, простор кој освојува уште на прв поглед, услуга која ви овозможува да се почувствувате пријатно и удобно.

На осмиот кат на хотел Руссиа со прекрасен панорамски поглед на Скопје, планината Водно и реката Вардар, се наоѓа тоа магично место добро познато како Скај бар. Деловни состаноци, забава со пријателите или пак романтична вечера со драга личност – изборот е ваш. Овој локал ги нуди сите потребни услови за да поминете незаборавен ден и да се чувствувате волшебно под сјајот на ѕвездите во текот на ноќта.


Професионалната услуга, големиот избор на интернационални јадења во комбинација со омиленото вино или пак некој коктел ќе ја надополнат прекрасната атмосфера која ја создаваат насмеаните и задоволни посетители на Скај барот.

Доколку имате многу обврски во текот на работната недела, тогаш Скај бар е вистинското место да се забавувате во текот на викендот со одличната музичка програма која ја нуди овој локал.


Поминете си незаборавни моменти исполнети со многу среќа во Скај барот на хотел Руссиа.

Прегледи:
453
Објавено на:
25.10.2017