Како 8 слепи лица искачија три македонски врва и изодеа 50 километри? „Очи“ победник на фестивалот за планински филм „Ехо“

„Да можев, би Ви ги дала моиве очи барем на момент за да видите што успеавте да постигнете…“

Моќна и исклучително инспиративна приказна за осум лица кои ова лето искачија три македонски врва, мавровската Меденица, Магаро на Галичица и прекрасниот Пелистер со впчатливата камена патека на Баба Планина.

Сосема заслужена и очекувана победа на осмото издание на ЕХО – Фестивал на планински филм за „Очи“ чија порака инспирира секој од нас. Поминатите 50 килимоетри, по сонце и дожд, овие осум слепи лица водени од Александар Панајотов, авторот на ова кратко видео, многу гласно ни ја пренесуваат пораката дека „очите се бескорисни кога умот е слеп…“.

 




Коментари

коментари