Категории

КАКО ДА ГИ ИСЧИСТИТЕ ЦРНКИТЕ ОД ЛИЦЕТО?

Од различни причини, кај луѓето се појавуваат црнки по целото тело, особено во пределот на лицето.

Доколку го имате истиот проблем и вие, сигурно сте се запрашале како може ефикасно да ги отстраните по природен пат. Тоа најлесно се постигнува со овој рецепт составен од само 2 состојки.

 

Еден филџан млака вода и едно лажиче сода бикарбона ги мешате сè додека не се соединат и започнувате со следната постапка.

Најпрво добро го миете лицето со млака вода и го бришете со чиста крпа, а потоа на местата каде што имате црнки нанесувате со чист памук од смесата и благо втривате во кожата околу две до три минути, сè додека не забележите дека местото се затегнува.

Потоа со млака вода повторно го миете лицето и оставате да се исуши без да го бришете, откако ќе се исуши ќе забележите ефект на пецкање на местото кое сте ставиле од смесата.

Не плашете се бидејќи рецептот делува и црнките за кратко време ќе излезат сами на површина.

Овој рецепт можете да го применувате 2 до 3 пати во годината, бидејќи доколку го применувате често може да ви ја оштети кожата.

Прегледи:
763
Објавено на:
19.10.2017